Извадоци од е-книгите ќе бидат објавени на http://www.e-knigi.com.mk. (Доколку авторот изрази желба, тогаш на http://www.e-knigi.com.mk ќе биде објавена целата книга.) Секоја книга ќе има единствен ISBN и CIP број.
Книгите кои веќе се подготвени за Babylonia се достапни на оваа адреса. Пристапот до овие содржини е бесплатен.
CD-ROM Babylonia ќе биде објавен во втората половина на 2003.
Културна установа „Блесок“ со секој автор ќе склучи договор за еднократно објавување на неговото дело на Интернет и на CD-ROM Babylonia. За странските автори постои можност да бидат објавени и во печатен формат, на македонски јазик.
Сите автори ќе бидат претставени со био-библиографска белешка и фотографија. По желба на авторот/ката, ќе бидат истакнати и податоците за контакт со него/неа.
Доколку сакате да предложите Ваша книга за Babylonia, прочитајте го упатството.