Babylonia: CD-ROM со многу книги во е-формат, на многу различни јазици. Минимумот од 50 е-книги е почетната цел, со отворена можност оваа бројка да се зголеми според интересот на авторите.
Секоја е-книга на овој CD-ROM ќе биде објавена на барем два јазика. Во моментов, најзастапени јазици се македонскиот и англискиот, но веќе се присутни и францускиот, германскиот, рускиот, словенечкиот, српскиот, романскиот, бугарскиот, албанскиот и холандскиот јазик. Се надеваме дека наскоро ќе имаме е-книги и на италијански, шпански, хрватски, босански, грчки, турски, чешки, словачки, полски, португалски, ерменски, арапски, хебрејски, фламански, грузијски, и многу други јазици. Секако, секој од овие јазици (ќе) има и свој јазик-придружник: така ќе имаме е-книги на барем два јазика.